Фото: Пeкселс
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во изминативе 24 часа се регистрирани нови 188 случаи на ковид-19, од направени 2.245 тестови. Починале тројца, а оздравени се 119 пациенти – соопшти Министерството за здравство.
Од новите случаи, во Скопје се 123, Битола 18, Кавадарци 10, Прилеп 6, Куманово 5, Штип и Делчево по 4, Гостивар, Охрид, Кочани и Гевгелија по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Дебар, Богданци и Македонски Брод по 1.
Од вкупниот број на позитивни (188), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани сe 119 оздравени пациенти од кои Скопје – 86, Битола – 7, Куманово и Охрид – по 6, Кавдарци -4, Гевгелија – 3, Кичево – 2, Гостивар, Кочани, Струга , Свети Николе и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа,  се регистрирани 3 починати лица  од: Скопје (79г), Куманово (84г) и Прилеп (88г) , сите лица се починати во болнички услови и кај сите се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.953.866 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.066, бројот на оздравени пациенти е 293.819, досега починале  9.206, а бројот на активни случаи изнесува 2.041.