ФИЛМ+: Господине Макмалбаф зошто се ангажиравте на сите филмски фестивали да се одржува „Денови на авганистански филм“?
Мохсен Макмалбаф: Бидејќи тоа е прашање на живот или смрт. Заедно со Атик Рахими и Седик Бармак (авганистански филмски автори) напишавме писма на 300 филмски фестивали и им кажавме дека доколку поканат некого од нив, ќе му го спасат животот. Одговорите не беа баш позитивни. Некои рекоа дека во тој момент немаат фестивал, некои дека немаат амбасада во Авганистан… Тогаш почнавме да ја прашуваме власта во земји како Германија, Франција или Англија. Стапивме во контакт со повеќе универзитети во САД и со други институции. Одговорот на претседателот на Франција беше најпозитивен, ама поради хаосот во Кабул евакуацијата беше многу комплицирана. Не можевме да ги евакуираме сите 800 луѓе кои беа на нашиот список. Успеавме да помогнеме да побегнат само 270 од нив. Но, во текот на следните пет месеци помогнавме уште 32 лица да излезат од земјата.
Целото интревјуто прочитајте го во новиот броj на ФИЛМ+, прилог во викенд-изданието на „Нова Македонија“.