Фото: Дмитро Кулеба/инстаграм

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека Украина може да започне мировни преговори со Русија откако „окупаторите ќе ја напуштат украинската територија“, но додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „никогаш нема да седне на преговарачка маса со диктаторот Путин“.

Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, Кулеба истакна дека Украина е подготвена за мировни преговори кога Русија ќе ги повлече своите „окупациски сили од територијата на таа земја“.

– Таа цел може да се постигне преку мешавина на војување и дипломатија. Нашите генерали се занимаваат со првиот дел, нивна задача е да ги охрабрат Русите да се повлечат и да ги убедат дека е подобро да се разговара отколку да се војува – изјави шефот на украинската дипломатија.

Тој изјави дека претседателот Зеленски никогаш нема да седне на преговарачка маса со рускиот претседател Владимир Путин.

– Има и други дипломатски начини за индиректно водење на преговорите, но јасно е дека никогаш нема да ги видиме Путин и Зеленски на иста маса –  рече Кулеба.