Фото: Принт-скрин
Вол стрит журнал ( Wall Street Journal)

Соединетите Американски Држави се во преговори со Турција, Украина и други источноевропски земји за создавање алтернативни патишта за извоз на украинско жито по раскинувањето на договорот за жито, пишува Вол стрит журнал (Wall Street Journal), повикувајќи се на неименувани официјални лица.

Се забележува дека планот, поддржан од Вашингтон, предвидува „зголемување на капацитетот“ на Украина до октомври за извоз на четири милиони тони жито месечно преку Дунав.

Поголемиот дел од житото ќе биде испорачано преку реката Дунав, како и преку Црното Море до блиските романски пристаништа – пишува весникот.

Производот потоа ќе биде „доставен до други дестинации“. Во текстот се оценува дека ваквата рута е побавна и поскапа.

Во исто време, како што забележува „Вол стрит журнал“, напорите за „зголемување на извозните можности на Украина“ преку Дунав се паралелни чекори на Турција и ОН за враќање на Русија во договорот за жито.