Фото: Горан Анастасовски

Одлична идеја како може да се помине викендот во доцна есен.
Кара Розмари и Лана Нарашанова редовно го посетуваат коњичкиот клуб „Бравадос“.
Љубовта кон животните на Кара и ја пренесува мајка и Цеце Георгиев, која е и јавач. На малата Лана, пак, дедо и Горан Анастасовски, огромен љубител на животните, кои се и главна тема на неговите фотографии. Дента се дружеа и со малата Марга, редовен посетител на клубот, ќерка на Љупка Аврамовиќ, долгогодишен јавач.
За емоциите зборуваат самите фотографии, кои ги направи Горан Анастасовски.