Фото: Антонио Гутереш/Tвитер

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во писмо до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров презентираше серија конкретни предлози за обнова на Црноморскиот договор за жито.

Гутереш наведува дека рестартирањето на овој договор е од големо значење.

Тој истакна дека тоа е иницијатива која е многу важен придонес кон целите на ОН за безбедност на храната, како што се намалување на цените и создавање услови за пристап до светските пазари на многу земји, особено на земјите во развој. Тој додаде дека ОН ги зеле предвид барањата на Русија.

– Имаме некои конкретни решенија кои ќе овозможат поефикасен пристап на руската храна и ѓубрива до глобалните пазари по соодветни цени. Сметаме дека ОН претставија предлог што може да биде основа за обнова, но обнова која мора да биде стабилна – рече Гутереш.