Експлозија во Џанкој на привремено окупираниот Крим ги уништи крстаречките ракети Калибр при нивниот транспорт со железница, се наведува на Телеграм-каналот на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, пренесува Укринформ.
„Експлозија во градот Џанкој на северот на привремено окупираниот Крим ги уништи руските крстаречки ракети Калибр-НК за време на нивниот транспорт по железница“, се вели во извештајот.
Доцна во понеделникот, 20 март, Телеграм каналот „Кримски ветер“ објави дека одекнале експлозии во градот Џанкој во северниот дел на привремено окупираниот Крим.
„Известено е дека имало експлозија во Џанкој… А пред тоа, авиони почнаа да летаат во близина на Евпаторија“, се вели во објавата.
И украинското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека во голема експлозија во кримскиот град Џанкој уништило крстосувачки ракети кои биле наменети за руската Црноморска флота.
Советникот на Министерството за внатрешни работи, Антон Герашченко, сподели видео на социјалните мрежи за кое тврди дека ја прикажува градската железничка станица, на која се гледа голема експлозија проследена со облак чад. Не може самостојно да се потврди неговата објава.
Russian cruise missiles “Kalibr NK” were destroyed in Dzhankoi, Crimea, during their transportation by rail – @DI_Ukraine
It is reported that this video is from Dzhankoi. The voice says it’s the train station area. pic.twitter.com/9UXMe2aKNR
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 20, 2023