Работниците се лути на функционерите кои си добија покачување на платите за 78 отсто, а минималната плата ја зголемуваат за 2.000 денари. Тие при говорот на Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, викаа „уа“ додека тој говореше за функционерските плати.
-Денес ќе им се обратиме на оние кои си покачија платите за 78 проценти а нас не убедуваат дека 2.000 денари се доволни. Е па не може вака. Мора да добиеме и ние покачување за 78 отсто, исто како нив. Ќе им се случи народ бидејќи не се грижат за работниците – рече Димовски.
Протестниот марш по повод 1 Мај почна од пред седиштето на Сојузот на синдикати, продолжи пред Собранието, па пред Владата.
Фото: Маја Јаневска-Илиева