Бугарскиот трговец со оружје, Емилијан Гебрев, за британскиот весник „Гардијан“ тврди дека експлозија во негов магацин за оружје во близина на Карнобат, што се случила вчера, претставува уште еден напад врз него од страна на агенти на руското воено разузнавање ГРУ. Гебрев истакна дека е 100 отсто сигурен оти зад експлозијата во неговиот магацин стојат руски агенти. Според него, нема шанси ова да било несреќа бидејќи во зградата немало ништо што би можело да експлодира без надворешна интервенција.
Гебрев за „Гардијан“ изјави дека разговарал со неговиот шеф на обезбедување, кој му пријавил оти алармниот систем во магацинот бил активиран неколку моменти пред експлозијата, што укажува на тоа дека имало надворешен упад во зградата. Чуварите на лице место се подготвувале да проверат зошто системот бил активиран кога слушнале силна експлозија.
Локалните медиуми во Софија јавуваат дека ова е петти пат во изминатите неколку години да дојде до експлозии во објекти на компанијата за оружје „Емко“, во сопственост на Гебрев, откако претходните четири слични инциденти се случија во период помеѓу 2011 и 2020 година. Бугарското обвинителство смета дека постои „оправдан сомнеж“ оти претходните напади се поврзани со агенти на руските специјални служби.
Британски „Гардијан“ смета дека нападите врз бугарскиот трговец со оружје Гебрев биле дело на руското воено разузнавање ГРУ, што многумина натера да претпостават дека тој веројатно е поврзан со снабдување со оружје за Украина.
Бугарскиот трговец со оружје падна во кома во 2015 година откако консумирал салата од рукола, наводно, контаминирана со нервен агенс од типот новичок, по што агенти на ГРУ се сомничеа агенти за обидот за негов атентат. И тој самиот сега сугерираше дека вчерашната експлозија во неговиот магацин била нивно дело.
Неуспешните атентати во Бугарија ја разоткрија тајната Единица 29155?
Во октомври 2019 година, пак, „Њујорк тајмс“ пишуваше дека специјализирана група на руски разузнавачки оперативци позната како Единица 29155, со години била испраќана да извршува кампањи за политичко дестабилизирање на Европа.
Неуспесите ја вплеткаа тајната Единица 29155 во уште еден заговор?
Водечките луѓе на безбедносните служби тврдат дека единицата е одговорна за обидот за атентат на Сергеј Скрипал, поранешниот руски шпион во Велика Британија, за неуспешниот обид за предизвикување на воен удар во Црна Гора во 2016 година, како и за кампањата за дестабилизација на Молдавија.
Експлозиите во Чешка ја вмешуваат тајната Единица 29155 во уште еден инцидент
Бугарското обвинителство поднесе обвиненија против тројца руски шпиони за кои се тврди дека биле дел од тајната Единица 29155 осомничена за атентатот врз Гебрев во 2015 година. Триото, наводно, влегло незабележано во Бугарија користејќи лажни пасоши, а потоа употребило отров органофосфат во обидот за убиство на Гебрев, како и неговиот син, според тврдењата на бугарското обвинителство. Целите на атентатот преживеаја, но труењето во Софија ги загрозило животите на поголем број на луѓе, се наведува во соопштението од канцеларијата на бугарскиот јавен обвинител.
Бугарија тргна по атентаторите од тајната Единица 29155