Фото: Архива

Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Министерството за здравство да ја разгледаат можноста преку соодветен начин сите лица кои се затекнати во своите викенд куќи за одмор и рекреација кои се наоѓаат внатре во подрачјата на општините на кои постои кризна состојба или во непосредна околина на истите (Маврово и Ростуша), безбедно да ги напуштат своите викенд куќи за престој, по претходна проверка од страна на епидемиолози.

Доколку не е можно спроведување и реализирање на оваа мерка, Владата порача да се преземат мерки и активности од надлежните институции за редовен дотур на храна и продукти неопходни за овие лица.

Владата синоќа на седница ги задолжи Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт и врски, заеднички да ги разгледаат можностите за враќање на државјаните на Македонија кои се затечени на аеродромите во Загреб, Истанбул, Виена и Варшава, односно со автобуски превоз овие државјани да бидат вратени дома.