Времето во Македонија ќе биде променливо облачно о локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три степени, а дневната од минус два до девет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до нула, а дневната температура до четири степени.

Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.