Wizz Air, најбрзо растечката и еколошки најодржлива авиокомпанија во Европа на глобално ниво, го слави неверојатно високиот број на патници на македонскиот пазар. Со рекорден број од над девет милиони превезени патници од почетокот на работењето во земјата во 2011 година, проширена мрежа на линии во 2022 година и зголемена фреквенција на 15 линии од Скопје за следното лето, Wizz Air ја докажува својата посветеност на локалната економија преку овозможување достапни поврзувањa, зголемување на туристичкиот сообраќај и отворање нови работни места.
Во 2022 година, Wizz Air ја лансираше новата линија од Меѓународниот аеродром „Скопје“ до италијанскиот град Болоња. Авиокомпанијата ја зголеми и фреквенцијата на 15 линии од Скопје до Германија, Холандија, Франција, Белгија, Словачка, Шведска и Италија за летото 2023 година, нудејќи дополнителни 210.000 седишта на северно македонскиот пазар следната година. Во моментов, со 30 линии од Скопје и 6 линии од Охрид, Wizz Air е водечка авиокомпанија во Северна Македонија.
Заедно со проширувањето на мрежата на рути и нудење повеќе опции за патување, Wizz Air исто така континуирано регрутира во Северна Македонија и поддржува локални работни места. Над 160 директно вработени како кабински екипаж и пилоти авиокомпанијата и околу 700 индиректни локални работни места беа поддржани поради работењето на Wizz Air во Северна Македонија во 2022 година[2]. Следниот настан за регрутирање е закажан во Скопје на 26 јануари 2023 година, а повеќе настани ќе бидат објавени следната година.
Evelin Jeckel, вршителка на должноста директор за мрежа во Wizz Air, изјави: “Горди сме што со нашата компанија летаа импресивен број на патници во текот на 11те години од кога сме присутни на северно македонскиот пазар, особено со оглед на добро документираните предизвици со кои се соочува целата туристичка индустрија. Без разлика дали нашите патници одат на зимски или летен одмор, службено патување или едноставно ги посетуваат пријателите и семејството во странство, ја имаме најдобрата рута која обезбедува леснотија на патување по најдобра цена на пазарот. Со нови летови до Болоња оваа година и дополнителни 210.000 седишта на 15 линии од Скопје, вклучувајќи ги и летовите за Германија, за следното лето, Wizz Air оперира со 36 линии до и од Северна Македонија низ Европа. Сакаме да им се заблагодариме на нашите лојални клиенти што продолжија да го избираат Wizz Air за неговите ниски цени, разновидна мрежа на рути, одлична услуга во авионот и ултра-ефикасни авиони.”