Sparkasse LIFE ПРВ ДО ВРВ – најмасовниот спортско-рекреативен планински настан во
регионот, годинава ќе се одржи на 21 мај, во организација на здружението за спорт и
рекреација „ПРВ ДО ВРВ“ од Скопје и Шпаркасе Банка како главен спонзор на настанот.
Шпаркасе Банка, преку платформата Sparkasse LIFE, интензивно се фокусира на
промоција на спортот и на здравите животни навики, како и на стратегијата за одржливост, па во таа насока одлучи од оваа година да биде главен спонзор на манифестацијата „ПРВ ДО ВРВ“.
За учество на овој традиционален спортски настан на падините на Водно, кој годинава се одржува по 11-ти пат, досега се пријавени 1200 учесници, а организаторите очекуваат присуство на повеќе од 3.000 учесници: велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти на трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, електрични велосипеди и тим-билдинг трката за компании, и се натпреваруваат кој прв ќе пристигне до врвот на планината Водно. Настанот секоја година става акцент на зачувувањето на животната средина и се состои од натпреварувачки и од забавен карактер.
Преку платформата „Sparkasse Life“, Банката интензивно поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и на тој начин силно ги бодри младите луѓе, кои се иднината на оваа земја.
Шпаркасе Банка останува силно посветена на визијата да биде водечка банка по
квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, па
затоа ги охрабрува сите да бидат мотивирани и да се пријават на овој настан за заедничка дружба – Да веруваат во себе и во својата иднина.
Комерцијална објава