Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 процент во однос на одлуката од 10 октомври 2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 13 октомври годинава од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 89 денари за литар
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 91 денари за литар
Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -103,50 денари за литар
Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 99 денари за литар
Мазут М-1 НС – 51,920 денари за килограм
-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,999%, кај дизелот за 4,151%, кај екстра лесното масло за 3,164% и кај мазутот зголемување е за 0,881%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,039%. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени – велат од РКЕ.