Пакетот за млади „Vibe On“ на Шпаркасе Банка со нови поволности за студентите и за младите
Шпаркасе Банка со цел да обезбеди уште поголема флексибилност за студентите, воведе нови супер поволности на популарната портокалова „Vibe On“ дебитна картичка. Оваа портокалова картичка, наменета за сите млади на возраст од 15 до 25 години, сега нуди освежени и значајни предности што ги олеснуваат секојдневните финансиски процеси за студентите и за младите.
Најголемата новина е можноста за бесплатни неограничени трансфери за сите факултетски услуги, односно за уплати за партиципација при студирање, заверка на семестар, уплати на име на „онлајн ресурси“, „материјални ресурси“ и многу повеќе. Тоа значи дека студентите повеќе нема да плаќаат банкарска провизија при запишување или заверка на семестар, при уплати за полагање испит, за културни и спортски активности, ниту, пак, за другите трошоци кон факултетите, доколку плаќаат преку нивниот пакет „Vibe On“ од Шпаркасе Банка.
Освен за плаќањата кон факултет, оваа значајна поволност се однесува и за други видови трансакции направени преку обрасците ПП30 и ПП50.
Без разлика дали станува збор за интерни трансфери во рамките на Шпаркасе Банка или за надворешни трансфери кон други банки, сè додека трансакциите се вршат преку безготовински налози (хартиени или електронски), корисниците на пакетот „Vibe On“ се ослободени од плаќање провизија!
Со ова, Шпаркасе Банка им помага на студентите да ги извршуваат академските обврски без дополнителни трошоци, на тој начин овозможувајќи им да се сосредоточат на она што е најважно – нивното образование.
Покрај бесплатните трансфери за факултетските и за другите услуги, пакетот за млади „Vibe On“ сега нуди и дополнителни придобивки:
– Бесплатно праќање пари на пријател преку телефонскиот именик
– Можност за делење сметка со пријател преку телефонскиот именик
– Бесплатна промена на ПИН-кодот на банкомат во секое време
– Бесплатна обнова на истечена дебитна картичка
– Три бесплатни проверки на салдо на банкомат секој месец
– Едно бесплатно реиздавање на ПИН
– Една бесплатна реизработка на картичка, доколку претходната била изгубена, украдена, оштетена или, пак, поради промена на лични податоци
– Четири бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на други банки во државата месечно
Со најновите поволности, пакетот „Vibe On“ станува уште покорисен за студентите и за младите, нудејќи им едноставни и брзи решенија за секојдневните финансиски активности.
Во меѓувреме, потсетуваме дека бесплатниот пакет за млади вклучува и бесплатно отворање на сметка во Шпаркасе Банка, а корисниците на оваа картичка се ослободени од провизија за месечно одржување на сметката, како и од провизија за месечно одржување на мобилната апликација „S-Banka“.
Секој студент што аплицирал за субвенциониран студентски оброк – државна мерка која се спроведува преку Министерството за образование и наука (МОН) и Шпаркасе Банка, покрај сината наменска картичка со која ќе може да купува оброци, може да добие бесплатно и портокаловата дебитна картичка заедно со „Vibe On“ пакетот.
Шпаркасе Банка продолжува да ја негува посветеноста кон младите и да им нуди иновативни производи и услуги кои го олеснуваат нивниот пат кон финансиска самостојност!
Банката и понатаму чекори со современите идеи на студентите и младите, создавајќи ги најдобрите понуди за нив и обезбедувајќи решенија токму за она што им е најпотребно.
За повеќе информации за „Vibe On“ пакетот за млади, посетете ја нашата интернет страница.