Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска во Прилеп посети тутунопроизводител при што разговараа како помина минатата реколта и за подготовките за реколтата за 2025.П осетата дојде по вчерашната исплата на субвенциите за откупениот тутун од 2024.
– Исплативме околу 40 милиони евра субвенции кои што легнаа на сметка на околу 14.500 тутунопроизводители од цела држава. Ова е една рекордна на исплата на субвенција по однос на произведен килограм тутун – изјави министерот Трипуновски.
За 2024 биле откупени 24 милиони килограми. Според министерот оваа исплата и откупна сезона докажале дека Владата и Министерство го реализираат ветеното.
– Го вреднуваме трудот на македонскиот земјоделец, субвенциите ќе се исплаќаат редовно – појасни тој.
Тутунопроизводителот Ристо Џамбаз најави дека и годинава ќе сади 25 декари тутун.
– Може да се живее од тутунопроизводство, но секогаш е добредојдена поддршката од државата. Годинава очекуваме исто добра реколта – рече Џамбаз.
Од Сојузот на тутунски здруженија очекуваат годинава да има зголемено производство на тутун.
Ка.М.