Премиерот Христијан Мицкоски најави продолжување на инвестицискиот бум со три можни нови инвестиции, од кои две се проширување на веќе постоечките производствени капацитети и нова во вредност од 150 милиони евра.
Во одговор на новинарско прашање претседателот на Владата истакна дека инвестициите се во автомобилската индустрија и индустрија за присуство на суплементи.
-Преговараме со три можни нови инвестиции, две се од веќе постојните производни капацитети – проширување на нивното производно портфолио, големи ќе бидат и значајни за домашниот производ. Второ, преговараме со една голема компанија, инвестиција во вредност од 150 милиони евра, во потесен круг сме со една голема европска земја која што е членка на ЕУ. Ние и тие се бориме, сега сме во фотофиниш, ако се биде како што треба се надевам дека во септември веќе ќе можеме и таа да ја објавиме. Заедно со овие двете проширувања ќе имаме отприлика уште четвртина милијарда евра нови инвестиции до крајот на годината што значително ќе влијаат врз БДП – рече премиерот Мицкоски при денешното поставување камен-темелник на нова спортска сала во општина Петровец.