Еврото во текот на ноќта падна на ново 20-годишно најниско ниво во однос на доларот, а британската фунта на историски рекордно ниско ниво, јавија германските веб-страници за финансиски информации.
Економските експерти вклучително и Џејмс Роситер сметаат дека фунтата и еврото моментно се заробени во „маѓепсан круг“ односно во надолна спирала, предизвикан од зголемените цени на енергенсите заедно со послабиот економски раст и помалите вредности на валутите.
Заедничката европска валута се тргуваше по 0,95 долари, ниво што не е регистрирано од 2002 година.
Британската фунта изгуби речиси пет отсто до 1,035 долари, што е најнизок курс досега во однос на доларот.
Во утринското тргување и двете валути почнаа благо да закрепнуваат.