Фото: Влада

Во Термоелектраните произведени се 9.105 мегаватчасови, информираше Владата. Во функција се два блока на РЕК Битола и едниот блок на РЕК Осломеј. Во ТЕЦ Неготино во тек се сервисни и ремонтни активности со цел зајакнување на постројката за следниот период кога се очекува поголема потрошувачка на струја, соопштија денеска од Владата.

Како што потенцираат, во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци вчера беа произведени 2.935 мегаватчасови.

-АД ЕСМ вчера произведе 12.040 мегаватчасови електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети – се наведува во владиното соопштение.