Фото: Игор Бансколиев

Изминатиот период голем број компании се жалат на недостиг од соодветен кадар поради што се предлагаат и решенија за увоз на работници од странство, од Бангладеш или од други посиромашни земји. Од друга страна, Македонија во моментов има над 120 илјади невработени лица, кои со преквалификација може да се вклучат на пазарот на трудот. Ако на тоа се додаде и огромната бројка на социјални случаи во земјата, кои исто така се работоспособни, тогаш проблемот со недостиг од работници изгледа и помалку комплициран и побрзо решлив. Тоа би имало и двоен ефект врз домашната економија бидејќи ем ќе се намали невработеноста ем ќе се обезбеди кадар за стопанството

МАКЕДОНИЈА ИМА ГОЛЕМ НЕИСКОРИСТЕН ПОТЕНЦИЈАЛ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Недостигот од работници од Македонија станува сериозен проблем за домашните компании, кои уште од периодот на пандемијата на ковид-19 сѐ повеќе се жалат на немање соодветен кадар. Зголемениот интерес и одливот на квалификувани работници во странство во голема мера влијаеја на ваквите состојби. Дали поради тоа или и од други причини стапката на невработеност во земјата падна на историско најниското ниво од 14 отсто, но и покрај тоа има голема бројка од околу 120 илјади невработени лица, кои со преквалификација може да се вклучат на пазарот на трудот? Ако на тоа се додаде и огромната бројка на социјални случаи во земјата, кои исто така се работоспособни, тогаш проблемот со недостиг од работници изгледа и помалку комплициран и побрзо решлив.
Инаку, како најизложени од ударот на „кусокот“ на работници се најдоа текстилната индустрија, преработувачката индустрија, угостителскиот и хотелиерскиот сектор, од каде што пристигнуваат сѐ погласните барања за увоз на работна сила во Македонија. Повод за ова беше и неодамнешната најава од македонската влада за отворање на прашањето за олеснување на пристапот на странски работници во македонските компании. Иако овој рецепт за подобрување на понудата на работна сила веќе одамна се применува во поразвиените земји, а од пред неколку години во земјите од регионот, сепак носи многу неизвесности за малите и посиромашни економии, како што е и Македонија. Тоа што недостига во овој момент се посериозни анализи за тоа какви би биле реалните ефекти од евентуално либерализирање на пазарот на трудот и каков профил на работници би привлекле на овој начин. Од причина што македонските плати во дејностите во кои недостигаат работници се движат претежно околу висината на сегашната минимална плата од триста евра. Поради тоа, може да се очекува само евентуален дополнителен прилив на работници од далечните азиски земји и другите посиромашни земји во светот, што се покажа и низ примерите со Хрватска и со Србија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година, активното население во Македонија изнесува 808.328 лица, од кои вработени се 693.062, а 115.266 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 55,2, стапката на вработеност 47,3, а стапката на невработеност изнесува 14,3 проценти. Доколку се направи споредба со бројот на слободните работни места за третиот квартал од минатата година, ќе се види дека сегашниот број на невработени лица претставува солидна база за пополнување на работните позиции што се барани од домашните компании. Имено, за овој период вкупниот број на слободни работни места во Македонија изнесувал 10.217, што е десеттина од лицата што се водат како невработени. Гледано поединечно по области, најмногу работници се барале во преработувачката индустрија, 2.953 лица, потоа во трговијата на големо и на мало за поправка на моторни возила 1.735. Слободни работни места во транспортот и складирањето имало 996, потоа следуваат градежништвото со 730 работни места, информатиката и комуникациите со 580 места. Во „непродуктивните“ дејности, односно во образованието имало 377 слободни места, во дејноста за здравството и социјалната заштита се барале 481 работник, а во административната и помошната услужна дејност имало 803 слободни места.

За поголемиот дел од работните места што се празни и за кои се бараат работници не се потребни ни поголеми стручни квалификации и со мали дообуки и преквалификација голем процент од невработените лица брзо би се вклопиле во производниот процес на домашните компании. Ова се однесува за преработувачката индустрија, угостителството и трговијата. Намалената заинтересираност за овие работни места е резултат и на поголемата побарувачка од странските компании, кои отворија свои фабрики во земјата и кои нудат повисоки плати, кои сега се нудат за непополнетите работни места.
– Дефицит на работна сила има и во другите земји од Западен Балкан и не знам од каде би можело да се привлечат нови работници во Македонија. Секако, главен ограничувачки фактор се пониските плати и не сум сигурен дека работниците од нашето поблиско окружување би дошле да работат во македонските фирми, кога можат директно да заминат во поразвиените земји, како на пример Германија, која дополнително го олеснува приемот на нови работници и за пониски квалификации. Решението за недостигот од работници мора да се бара во нашите домашни резерви на работна сила, која е на мошне високо ниво. Работодавачите ќе бидат принудени да се свртат кон домашната понуда на работна сила, да ги зголемуваат платите и да нудат подобри работни услови и други бенефиции. Во Србија и во Хрватска некои од компаниите нудат подобри услови за привлекување работници од внатрешноста на земјата, како што е сместување и храна – ни изјави експерт од областа на пазарот на трудот.
Македонија, за разлика од многу држави, сѐ уште има строга и нефлексибилна политика за вработување странци, која предвидува годишни квоти што ги донесува Владата и строга процедура преку МВР и АВРМ, смета Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, кој ја застапува идејата за увоз на работници.
– Македонските примања сепак би биле причина за доаѓање на работници од некои од посиромашните земји. Тие сигурно ќе бидат интересни за странците, затоа што просечната месечна плата, на пр., во Бангладеш изнесува 240 евра, а нашата минимална плата од март ќе изнесува 330 евра. Од друга страна, ние имаме многу подобра инфраструктура и повисока социјална заштита на вработените од земјите на Далечниот Исток – изјави Димитров.

Од Владата за решавање на недостигот од работници најавија отворање на пазарот на трудот со увоз на странски работници, но и со зголемување на минималната плата. За решавање на овој проблем се залагаат и од најголемата бизнис-асоцијација во земјата, Стопанската комора на Македонија, од каде што се преземаат и активности за обуки за новите работници и низ процесот на дуалното образование.
– За да може да се развива македонската економија мора да има квалитетен кадар што ги има потребните знаења и вештини што ги бара пазарот на трудот. Недостигот од ваков кадар одамна е проблем за компаниите во земјава. Затоа и Стопанската комора последниве години започна редица активности во насока на ублажување на проблемот. Што се однесува до висината на платите, тие секогаш треба да се движат во линија со продуктивноста. Тоа е единствениот одржлив начин да имаме повисоки плати и повисок животен стандард – изјави Зоран Јоцановски, потпретседател на Стопанската комора.

М.Ј.