Фото: „Нова Македонија“

Од денеска важат новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) вчера донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58 отсто во однос на одлуката од 4 ноември.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,589 отсто, кај дизелот за 4,563 отсто, кај екстра лесното масло за 4,333 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 2,535 отсто. Н.М.
Од денеска максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин еуросупер БС – 95 75,5 (денари/литар), моторен бензин еуросупер БС – 98 77,5, дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 70,5, масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68 и мазут М-1 НС 42,985.
Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се зголемува за два ден./лит.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат. Н.М.