Тутунарите по денешното продолжување на откупот на тутунот, по старо, без оглед
на петочниот договор, бараат министерот за земјоделство Арјанит Хоџа утре да дојде во Прилеп, за да види дека откупувачите манипулираат со откупот на тутунот.

Игор Мирчески од ИО за протести вели дека не се откажуваат од нивните барања за повисока откупна цена на тутунот, реална проценка и да нема многу одбитоци. Во спротивно повторно ќе протестираат. 

– Откупот денес продолжи по старо. Нема подобрување и примена на договореното од петокот. Практично откупувачите не го испочитуваа договореното во петокот на средбата со министерот за земјоделство. Бараме итна средба со министерот за земјоделство Хоџа утре во Прилеп за да се потпишат писмени гаранции за тоа што се
договараме. Ги повикуваме тутунарите да не носат тутун за откуп додека не се средат состојбите. Во спротивно се знае – ќе продолжиме со протестите – вели Мирчески.

И од Сојузот на тутунски здруженија велат дека тутунарите се сплотени во нивните
барања. Очекуваат итна средба со министерот за земјоделство Арјанит Хоџа. Ка.М.