Фото: Игор Бансколиев

РЕК „Битола“ продолжува со производство на електрична енергија, откако ноќеска во три часот по полноќ блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Македонија, соопштија денеска од ЕСМ.

Продолжуваат активностите за ставање во функција и на блок 2 кој беше во ремонт, со што се очекува оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава.

Во петокот изби пожар во РЕК „Битола“, предизвикувајќи оштетување на трансформаторот на блок 3. Огнот брзо беше изгаснат, а во пожарот немаше повредени.