НЛБ банка ја промовираше новата услуга НЛБ пеј мобилен паричник, која овозможува бесконтактно плаќање на продажните места преку мобилен телефон. Станува збор за современа дигитална услуга, која е лесна за користење и овозможува брзи и едноставни плаќања.

Како што посочија од банката, со воведувањето на оваа услуга продолжуваат да ги следат светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти.

– Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства, и им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски во текот на 24 часа во денот, седум дена во неделата. НЛБ пеј е услуга наменета за физички лица, корисници на платежните картички Мастеркард, кои поседуваат мобилен уред со оперативен систем Андроид. НЛБ пеј мобилниот паричник ги дигитализира картичките Мастеркард и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС-терминали во земјата и во странство – наведуваат од банката.