Државна лотарија, со цел да одговори на барањата на играчите, отвора нови регионални благајни за исплата на добивки од игрите на среќа Лото7, Џокер и инстант лотарија, во вредност над 5.000 денари.

Во мапата на благајни на Државна лотарија, покрај двете благајни во Скопје и благајната во Кочани, се впишуваат Неготино и Кичево кои ќе функционираат како уплатно-исплатни места, односно, како регионални благајни 2 дена во неделата, вторник и четврток, во период од 10.00 до 13.00 часот во:
Неготино, ул.Партизанска бр 2 (во центар на градот) и
Кичево, бул. „Ослободување“ бр 32 (на главна улица).

Со оглед на вонредната состојба во државата, отворени се и благајни од времен карактер во Битола и Струмица, кадешто во соработка со деловни соработници, Државна лотарија ќе врши исплата на добивките од игрите на среќа еднаш неделно, среда од 10.00 до 13.00 часот во:
Битола, продажно место „ВАГАБОНТ“, ул. Широк сокак бр.51 и 
Струмица, продажно место „КРЕЧЕВИ“, бул. „Маршал Тито“ бб (до Тинекс маркет). 

Целта на отворање регионални благајни е да се излезе во пресрет на играчите ширум земјата, да се намалат нивните трошоци за подигање на добивките а да се зголеми задоволство од учеството во игрите на среќа на Државна лотарија. Играчите кои оствариле добивка на игрите на среќа коишто ги приредува Државна лотарија: Лото 7, Џокер и Инстант лотарија, во износ и над 5.000 денари, за исплата на добивката веќе не мора да доаѓаат само на благајната во Скопје, од сега ќе може да се обратат и во регионалните благајни во Кочани, Неготино, Кичево, како и Струмица и Битола.

Благајните на Државна лотарија во Кочани и Скопје (МТВ и Буњаковец), се отворени секој работен ден, од 10 – 14.00 часот.  

Дополнителни информации, на броевите на  контакт центарот: 02 323 7777 и вибер бројот 076 313 052, секој работен ден работи од  9 – 14.00, на www.loto.mk и социјалните медиуми на Државна лотарија.