Фото: Илустрација/архива

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто во однос на oдлуката од 1 ноември.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалуваат за 0,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за еден денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,69 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,445 денари за килограми.

Од 9 ноември од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,5 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,5 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 67,5 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,5 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,445 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 2,637% , кај дизелот за 2,055% , кај екстра лесното масло за 2,660% и кај мазутот намалувањето е за 2,234% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,146% , информираат од РКЕ.