Човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор е во фокусот на буџетот за наредната година истакна министерката за финансии Нина Ангеловска, на расправата по буџетот за 2020 година, што почна вчера на пленарна седница во Собранието. Расправата согласно деловникот треба да трае најмногу пет работни дена.
– Буџетот 2020 носи мото „Инвестираме во човечкиот капитал” затоа
што човечкиот капитал е најважен за економскиот развој на една земја. Само среќни и мотивирани работници можат да го дадат својот максимум и да останат да ја градат својата иднина во својата земј – истакна министерката, додавајќи оти буџетот е сериозно насочен кон основните три столба за негов развој – здравството, образованието и социјалната грижа.
Расправата по буџетот согласно деловникот треба да трае најмногу пет работни дена.
Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3 отсто од БДП. Тоа е пониско од нивото од минатата година кога изнесуваше 2,5 проценти, согласно со Фискалната стратегија 2020-2022, како и препораките на меѓународните организации. Дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари, и изнесува 17 милијарди и 385 милиони денари.
Капиталните инвестиции се проектирани на ниво од 23 милијарди денари, а 56 отсто од вкупните буџетски расходи ќе одат во области врз кои се потпира човечкиот капитал.
Проекциите во буџетот се правени врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП, кој се базира на растот на приватната потрошувачка, извозот и јавните и приватните инвестиции.
Во фокусот на буџетот за наредната година е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.