Петмина македонски државјани, скијачи и сноубордери, кои скијале надвор од назначени локации и паднаа во провалија, вечерва се извлечени и спасени од спасувачките служби, јави бугарската агенција Бгнес.
Операцијата за спасување се одвиваше вечерва во Пирин од страна на Дамјанишка долина.
Во петокот во лавината над Банско двајца сноубордери ги загубија животите. Лавината падна на врвот Тодорка.