Американскиот милијардер Илон Маск објави дека секое дете во САД ќе добие по две акции од неговата компанија „Спејс Икс“ (SpaceX) – една од компанијата и една лично од него.
-Секое дете во САД ќе добие две акции од SpaceX: една од компанијата и една од мене лично – напиша Маск на социјалната мрежа „Икс“ (X).
Во октомври, Маск најави дека во 2027 година ќе додели по една акција од „Спејс Икс“ на секое дете во САД.
Според „Си-Ен-Би-Си“ (CNBC), Маск поседува околу 4,8 милијарди акции во компанијата, додека, според податоците од 1 јули 2025 година, во САД живееле околу 72 милиони деца на возраст под 18 години.































