Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по средбата во Палм Бич, Флорида, објавија заедничка изјава во која ја повикаа Русија да не презема дејствија што би довеле до проширување на војната во Украина.

-Разговаравме за важноста Русија да избегнува какви било дејствија што, намерно или ненамерно, би ја прошириле војната што ја води, како и за значењето на постигнувањето мирно решение на конфликтот во Украина што е можно поскоро“, се наведува во заедничката изјава на двајцата лидери – објавена од Белата куќа по разговорот во приватната резиденција на Трамп.