КОШАРКА – ВЕЧЕРВА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАР ЗА ЕП 2029
- Македонската репрезентација вечерва (од 18 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје) ја пречекува селекцијата на Кипар
Ништо не е готово во оваа фаза од претквалификациите. Секоја победа секако нѐ носи поблиску до целта, па затоа сме фокусирани на тренинзите и подготовките за следниот меч. Ги анализираме тимот и опциите што ги имаме, работиме на деталите, а истовремено ги следиме и играчите што имаат ситни повреди. Кога ќе се комплетира составот со Димитријевиќ и со Мозес, ќе биде подобро за подготовка и ќе можеме сите да работиме заедно. Мора да бидеме паметни, секој да даде сѐ од себе на теренот, затоа што овој меч со Кипар ни е многу важен. Тоа е шанса да бидеме поблиску до целта, која е пласман во следната рунда. Мора да одиграме сериозен натпревар, рече Жозеп Марија Берокал, селекторот на македонската репрезентација, пренесе Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ)
Македонската репрезентација вечерва (од 18 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје) ја очекува важен натпревар со селекцијата на Кипар, втор во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2029 година, во групата Ф. Победниците на четирите претквалификациски групи ќе се пласираат во квалификациите за ЕП 2029, а сите други ќе играат во третата рунда претквалификации.
Селекторот Берокал е свесен дека нема простор за опуштање, бара максимална сериозност и дисциплина од своите избраници, нагласува дека секоја победа ја приближува Македонија до поставената цел, но предупредува дека Кипар е квалитетен противник, кој заслужува максимален респект, пишува Кошаркарската федерација на Македонија.
– Кипар е добра репрезентација, има шутери, играчи што можат да играат на повеќе позиции и да се ротираат. Имаат талент во тактичкиот дел и ги гледаат работите на различен начин. Не го знаеме нивниот конечен состав, затоа што често се менуваат работите во овие ФИБА-прозорци. Она што го посакувам и го барам е максимално сериозен и дисциплиниран натпревар од мојот тим – рече Берокал, пренесе КФМ. Н.М.
ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2029
ГРУПА Ф
Македонија – Кипар 18 ч.
Австрија – Кипар недела, 18 ч.
ТАБЕЛА
Македонија 1 1 0 91-59 2
Кипар 1 1 0 77-72 2
Австрија 2 0 2 131-168 2
































