Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „многу сериозно ја сфаќа“ потенцијалната закана од ирански напад врз Вашингтон, јави американската телевизија „Си-ен-ен“.
– Се надевам дека тоа нема да се случи, но ги сфаќаме работите многу сериозно – рече Трамп, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Филипините, каде што присуствува на самитот на АСЕАН.
– Ако нешто се случи, тие ќе платат цена каква што светот никогаш досега не видел – додаде Трамп.
Претходно, „Си-ен-ен“, повикувајќи се на седум американски официјални претставници, јави дека американските разузнавачки служби добиле нови информации што укажуваат дека Иран можеби подготвува напад врз Вашингтон со „валкана бомба“ или со хемиско оружје. Телевизијата, сепак, наведува дека заканата не се смета за непосредна.
Во меѓувреме, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли тврдењата објавени од „Си-ен-ен“, оценувајќи ги како „неосновани“.































