Фото: ЕПА

Европската Унија ќе учествува со свои претставници на претстојниот состанок за Украина во Абу Даби, кој ќе се одржи во текот на неделата, потврди портпарол на Европската комисија.

Според него, на состанокот ќе присуствуваат европски експерти за внатрешна безбедност, од кои дел ќе ја претставуваат и Европската Унија.

Паралелно, во Даблин ќе се одржи неформален состанок на Европскиот совет, на кој исто така ќе се разговара за напорите за постигнување мир во Украина.

Портпаролот на ЕК посочи дека двата состанока ќе бидат можност за дискусии за зајакнување на Украина и обезбедување финансиска поддршка за земјата.

– ЕУ самата одлучува за безбедносната архитектура. Отворени сме за разговори со засегнатите земји и затоа повторно ќе учествуваме на состаноците оваа недела – изјави портпаролот.

Тој додаде дека присуството на европските претставници на мировните разговори е насочено кон заштита на интересите на Европската Унија.