Фото: ЕПА

Француските власти привеле 1.435 лица за време на протестите што се одржаа низ земјата во текот на викендот, соопшти министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез. Тој најави дека полицискиот час ќе остане во сила во одредени градови и региони, бидејќи не очекува значително смирување на ситуацијата во наредните денови.

Во изјава за телевизијата BFMTV, Нуњез информираше дека за време на протестите биле повредени 267 полицајци, претежно полесно, како и повеќе од 250 демонстранти.

Францускиот министер оцени дека безбедносните сили успеале да ги држат под контрола протестите што се одржаа низ целата земја во саботата.

Според него, и покрај големиот број приведени и повредени, не бил регистриран ниту еден сериозен инцидент.

Нуњез предупреди дека социјалното незадоволство и натаму претставува фактор на нестабилност, поради што властите сметаат дека безбедносните мерки треба да останат на сила во делови од Франција и во наредниот период.