ИОК
- Ковентри нагласи дека спроведувањето на стратегијата сега ќе биде приоритет, при што меѓународните спортски федерации ќе имаат клучна улога во претворањето на заедничката визија во конкретни резултати. Поздравувајќи ја темата на форумот „Кога се менуваат правилата на игра: водење на спортот во нова реалност“, Ковентри ја истакна потребата спортот да биде подготвен за еволуција како одговор на светот што брзо се менува, пишува ИОК
Спортот мора да се приспособи на светот што брзо се менува, а истовремено да остане верен на вредностите што го обединуваат Олимпиското движење, изјави претседателката на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, пред лидерите на меѓународните спортски федерации на неодамнешниот форум „Спорт акорд“ во Лозана, Швајцарија. Ковентри повика на колективна акција за спроведување на новата стратегија на Олимпиското движење, насловена „Подготвени за иднината“, како и на соработка во рамките на спортската заедница, за заедничко обликување на иднината на спортот, пишува ИОК.
Ковентри им се заблагодари на меѓународните спортски федерации и на чинителите во Олимпиското движење за нивниот придонес во обликувањето на стратегијата „Подготвени за иднината“, усвоена на сесијата на ИОК во јуни.
– Сега фокусот е ставен на нашата суштина и на она што е најважно за сите нас, поддршка на спортистите во текот на нивниот пат, зачувување на она што ги прави олимписките игри толку уникатни и посебни, зајакнување на довербата и јасноста во рамките на нашето движење во однос на улогите и зголемување на позитивното влијание на спортот врз животот на луѓето – рече Ковентри, пренесе ИОК.
Ковентри нагласи дека спроведувањето на стратегијата сега ќе биде приоритет, при што меѓународните спортски федерации ќе имаат клучна улога во претворањето на заедничката визија во конкретни резултати. Поздравувајќи ја темата на форумот „Кога се менуваат правилата на игра: водење на спортот во нова реалност“, Ковентри ја истакна потребата спортот да биде подготвен за еволуција како одговор на светот што брзо се менува, пишува ИОК. Форумот ги собра меѓународните спортски федерации на тридневни дискусии и размена на искуства на високо ниво. Во контекст на геополитичките промени, брзата дигитална трансформација и променетите очекувања на спортистите и на гледачите, форумот нуди платформа за размислување, соработка и размена на идеи, пишува Интернационалниот олимписки комитет. Г.И.
































