Фото: Горан Анастасовски

АТЛЕТИКА

  • Ивановски во квалификацискиот период собра доволно бодови за пласман на СП 2027 и во моментов е на 65. место на квалификациската листа од вкупно 100 натпреварувачи што ќе настапат на маратонската трка

Најдобриот македонски атлетски маратонец, Дарио Ивановски, ќе учествува на Светското првенство (СП) в година на олимпискиот стадион „Птичје гнездо“ во Пекинг (Кина).
Ивановски во квалификацискиот период собра доволно бодови за пласман на СП 2027 и во моментов е на 65. место на квалификациската листа од вкупно 100 натпреварувачи што ќе настапат на маратонската трка (42.195 км). На неодамна завршениот Скопски маратон, Ивановски (кој беше и лански победник) го освои третото место (2:13,49 часа).
– Дарио го оствари и својот втор највреден маратон во овој тековен квалификациски период за СП, кој заедно со првиот маратон во Белград му носи одлични 1.132 поени, кои го рангираат моментално на 65. позиција од вкупната бројка на 100 маратонци-учесници на СП 2027. Дарио уште сега е пласиран на СП 2027 дури и воопшто да не се натпреварува до стартот на следниот глобален пласман на најдобрите светски атлетичари. До јули 2027 доколку не постигне подобар резултат/пласман од Скопскиот маратон годинава, неговата позиција може максимално да се спушти до 85. место од квотата од 100 учесници. Ова е успех и за Скопскиот маратон што на квалификациите за СП стои името на Дарио Ивановски. Со оглед на тоа што нашиот најпознат маратон во Македонија ги поседува сите критериуми за квалитет, тој ги рангира и врвните атлетичари за пласман на големите меѓународни натпреварувања од нивните постигнати резултати и пласмани – истакна на социјалните мрежи тренерот на Ивановски, Игор Јакимовски. Г.И.