- Има многу лица (не сакам да ги набројувам) што во име на некаква правда, а и вистинска несреќа на некои народи, користат шанса отворено да лансираат и антисемитски (и други слични шовинистички) ставови. Зар Македонија не го знае тоа? Па, зар не нѐ шамараат дури и побезобразно?
- Нобеловата награда за мир стана антитеза на другите. Македонија не може тука ништо да направи, но јас ве молам барем малку да ги промените своите џихадољубни ставови. Тоа не го барам за мене, не е ни за вас, туку за вашите внуци, кои се на добар пат да го голтаат она што Македонците, а и многу други народи (вклучувајќи и исламисти) го голтаа со векови
Знам дека ме чекаат каустични критики за ова пишување. Пак ќе велат „ете го тој стар чифутин повторно тресе“. Ама нешто ќе ви кажам – додека брмчи стариот „чифутин“ – ќе има некаков глас или крик на побуна пред Господа против ужасите и мизериите на овој свет од џихадизмот, бализмот, УЧК-измот, нацизмот и идиотизмот. Другиот „чист“ свет ќе молчи и ќе молчи и ќе ги голта тој џихадизам, нацизам, бализам, талибанизам, малоумизам и на крајот црна помрачина. Само да потсетам – балистички споменик и музеј се подигнаа – кој писна? Токму почнав да пишувам една пофална статија за исламот, оние позитивни филозофски аспекти (ќе ја пратам подоцна), ама ме закачи шлаканица од нов, сега глобалистички антисемитски избљув – Нобеловата награда за мир на Нави Пилеи, адвокатка, борец за човекови права, членка на Обединетите нации и судијка. Претседателот Трамп веќе даде изјава дека таквото доделување е бесрамно („disgraceful“), но во нашата свест тоа ќе се сфати иронично, поради скептицизмот кон претседателот, а и сѐ поголемата одвратност што се негува во нашата и европската свест против Израел, Евреите и Американците, со истовремена „идилична љубов“ кон Иран, Хезболах, Хутите и Хамас како некои големи „револуционери“, плукајќи кон сопствените револуционери, џихадомасакрирачка историја и кон својата гордост. Во 2022 година Пилеи изјави дека социјалните мрежи се на големо контролирани од „еврејското лоби“ и дека за тоа Израел треба да се исклучи од Обединетите нации. Омразата се „дестилира“ преку јазикот на правото – не е првпат. Искрено (мое лично мислење), Обединетите нации (ОН) секогаш, ама секогаш беа против Израел, ниеднаш не осудија некој џихадист терорист и некако се ставаа во одбрана на „сиротите немоќни“ народи, секако со манипулации на големите сили, а на нишан постојано беше Израел (не само сега), а со тоа се разбира и Евреите. Тука супстанцијално гласачки и логистички помогна и Југославија – преку Титовите „неврзани“. Само едно да ви кажам – по дефиниција од ОН, кои не баш „го сакаат Израел“ – секое напаѓање на Израел генерално е и антисемитизам. Многу лицемерно е кога се сака да се избегне зборот „Евреин“, па се користи „ционист“, па така велат дека светот го диригира „ционистичка влада“, сѐ што е зло се создава од „ционизмот“, а некогаш и директно ги напаѓаат Евреите. Ете, јас не сум ционист (идеолошки) ама имам две ќерки со нивни фамилии во Израел. И вие од мене сакате да го мразам Израел и да бидам „антиционист“? Немојте од мене да барате таков лигавизам.
Во Франција на пример Палестинци има од пред дваесетина години. Јас сум одел таму и порано, имало Арапи, но ниеден Палестинец. Евреите се присутни во Франција уште од Римската Империја, значи 2.000 години. Сега, Палестинци демонстрираат не за своите права во Франција, туку со барање да се забрани зборување за антисемитизам во Франција. Некои бараат да се забрани зборување за холокаустот, кој патем во Франција беше ужасен. Сето тоа директно го гледам на француска телевизија. Тие „сироти јадни“ Палестинци се манипулирани од пронацистички лобија, а и од службите, и утре ќе ви дојдат на ваш терен! Веќе ги имате од Хезболах и ИСИС, а за Босна и Косово да не зборуваме. Пред една година од безбедносните служби кажаа дека во Германија имало 32.000 припадници на Хамас (не зборуваме за обични Палестинци, туку за терористи). А колку се од ИСИС? Колку се од Хезболах? Колку се нивни неонацисти? Америка врие од нив. Тие и тоа како имаат влијание на изборите. Институтот „Симон Визентал“ од Лос Анџелес и Виена вели: „Нобеловата награда треба да отелотворува посветеност на правдата, без наклонување кон политиката или предрасудите, една иста со исти стандарди за сите нации. Но таа награда ризикува да поттикне загриженост и промена на тие стандарди кога станува збор за Израел и еврејскиот народ“, алудирајќи на годинашната Нобелова награда. „Ова е повеќе од Израел. Меѓународното право се базира на општата доверба дека осудите се базираат на докази, а не на идеологии. Кога довербата е еродирана (оштетена), институциите што мислат дека ги бранат највулнерабилните, ја губат довербата, а следењето на траен мир страда“, велат од Институтот. Се сеќавате на 2008 година, кога Марти Ахтисари ја доби Нобеловата награда за мир, во врска со Косово и Намибија. Ако е само мир во Косово, тоа е во ред. Ама ние си знаеме дека беше поддржувач на УЧК и во Босна, па „малку“ ни е криво – нели? Мене многу ми е криво, бидејќи континуирано и жестоко ги напаѓам џихадистите. Зошто? Оти ќе дојдат, па ќе колат, сечат и тепаат како што правеа балистите, а и џихадистите во текот на 500 години. Заборавивте? Добро де – оваа Нобелова награда ги напаѓа Евреите („опресори, банкарски хулигани“), секако бранејќи ги „сиротите револуционери џихадисти“. Да се разбереме – и јас сум против макљажите направени во Газа со „оправдување“ дека по куќите се кријат терористи на Хамас. Впрочем, тоа е истиот метод што сојузниците го користеа дебело во Втората светска војна – а ние бевме на страна на сојузниците, белки нема да кажете дека бевте на страна на нацистите? Дури и Бугарите се кријат од тоа – ама ни го спуштаат… да бидеме искрени, со помош на наши внатрешни баци-Бугарчиња. А од друга страна кој управува со Израел? Граѓаните? Ха-ха-ха… комплекс од служби и интереси – исто како и кај нас (само да си знаете).
Еден извадок и од коментарот на Елиша Визел, синот на нобеловецот Ели Визел, кој беше наш добар пријател и пријател на Македонија. Зборувајќи за татка си, кој со огромна чест ја добил Нобеловата награда за бранење на мирот генерално, а особено за бегалците од Камбоџа. Тој вели: „Ова утро истиот комитет (како за татко му) ѝ ја даде истата награда на Нави Пилеи, која претседаваше со комисија на ОН за истраги и на 16 септември минатата година го измами значењето на зборот геноцид и го градеше (вооружи) против Израел. Нејзината комисија го држеше Израел во невозможни морални стандарди и барања што ниедна суверена нација што се брани не ги добила. Следуваа години кога Пилеи бранеше антиизраелски ставови со манифест потпишан во 2020 година за санкции на ’апартхејдскиот Израел’. И други видоа која е Пилеи. На пример берлинскиот градоначалник ја повлече поддршката за медал за мир. Одлуката за награда на Пилеи не е прв лапсус на Нобеловиот комитет. Тоа е долготраен тренд…“
Има многу лица (не сакам да ги набројувам) што во име на некоја правда, а и вистинска несреќа на некои народи, користат шанса отворено да лансираат и антисемитски (и други слични шовинистички) ставови. Зар Македонија не го знае тоа? Па, зар не нѐ шамараат дури и побезобразно?
Пред некој ден имав напис за Нобеловата награда за медицина, која е докажано дека е навистина престижна и долга колона на многу заслужни научници можеби никогаш нема да ја добијат. Со вакви „шовиноидни“ гестови од комисијата се валкаат и нивните големи заслуги. Нобеловата награда за мир стана антитеза на другите. Македонија не може тука ништо да направи, но јас ве молам барем малку да ги промените своите џихадољубни ставови (немој да порекнувате, ги голтам). Тоа не го барам за мене – стариот чифут што тргнал да си оди по својот пат. Не е ни за вас, туку за вашите внуци, кои се на добар пат да го голтаат она што Македонците, а и многу други народи (вклучувајќи и исламисти) го голтаа со векови.
Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио
































