Фото: Пиксабеј

Денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 14 степени, додека максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе преовладува облачно време, а во текот на ноќта и во претпладневните часови се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се спушти до 11 степени, а дневната ќе достигне до 20 степени.

Според информациите од УХМР, во недела и во текот на следната работна седмица ќе продолжи променливо облачно и потопло време, со сончеви периоди. Локално ќе има услови за краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.