Шеесет и шестгодишен жител на Куманово е деветтото лице во земјава што почина од западнонилска треска.
Пациентот имал повеќе придружни заболувања и потешка клиничка слика, а 28 дена бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информира денеска директорот на Клиниката, Фадил Цана.
Од почетокот на појавата на вирусот на Клиниката биле хоспитализирани вкупно 66 пациенти. Во моментов таму се лекуваат 11 лица со западнонилска треска, од кои едно е со потешка клиничка слика.
– Последниот пациент со западнонилска треска на Инфективната клиника е примен на 19 септември, во текот на викендот – изјави Цана.































