Фото: Орце Ѓорѓиевски/Фејсбук

Инспекторите на Град Скопје доцна синоќа затекнале лице како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите во Кисела Вода, создавајќи дива депонија.

-Истото е веќе санкционирано. Додека нашите екипи деноноќно работат за почист град, поединци го уништуваат сработеното и ја загадуваат околината во која сите живееме. Таквата неодговорност нема да помине без санкција. Јасно кажав и останувам на зборот – нулта толеранција за секој што ги претвора јавните површини во депонии и го загрозува здравјето на граѓаните – напиша градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Додава дека инспекторите се на терен 24 часа, а во тек е и постапка за поставување камери на јавни површини, за побрзо откривање и санкционирање на прекршителите.

-Скопје е наш заеднички дом. Да се однесуваме одговорно – пишува Ѓорѓиевски на ФБ.