Прегратка прекриена
со пепел – љубовта како
телесно сеќавање на
катастрофата.
Телата прекриени со пепел во воведната сцена ја
претвораат љубовната прегратка во потресна слика на животот што се раѓа врз споменот на
уништувањето. Ален Рене ја спојува интимната врска меѓу Французинка и
Јапонец со колективната траума од атомската
бомба. Филмот е поетска медитација за љубовта,
сеќавањето и за
неможноста целосно
да се заборави минатото.