АТЛЕТИКА
Македонската атлетичарка Дарија Крстевска од АК Олимп Битола постави нов национален рекорд за младинки до 20 години во дисциплината 3.000 метри со пречки, на младинскиот Куп на Македонија, во Велес. Крстевска помина низ целта со време од 12:09,33 минути, со што собори национален рекорд стар повеќе од 16 години, кој изнесуваше 12:19,8 минути и беше поставен од Александра Митроска на 19 јуни 2010 година. Новиот национален рекорд е уште еден значаен резултат во сезоната на младата атлетичарка и потврда за нејзиниот континуиран напредок. За АК Олимп Битола, резултатот има дополнително значење, оти доаѓа од младинската конкуренција и ја продолжува успешната традиција на клубот во развојот на млади атлетичари и постигнувањето врвни резултати во македонската атлетика, велат од Атлетската федерација на Македонија (АФМ). Г.И.
































