Германскиот регион Баден-Вуртемберг најави планови за обука преку кои мигрантите ќе бидат обучени да возат возови, пренесува магазинот „Политико“. Планот треба да се спроведе за да се отворат работни места за големиот број на невработени мигранти кои во голем број пристигнуваат во оваа земја од 2015 година.
– Во рамките на следните 15 месеци, луѓето кои ќе имаат расчистен статус на жителство во Германија и добро познавање на германскиот јазик, ќе добијат обука за оваа важна професија – изјави министерот за транспорт на овој германски регион.
Министерството за транспорт во Штудгарт проценува дека постојат околку илјада работни места во железницата што треба да се пополнат во регионот Баден-Буремберг, кој е богат регион на 11 милиони жители, на границата со Франција и Швајцарија.
Со овој план, регионот ќе кофинансира курсеви за заинтересираните, додека железничките компании ќе направат план за програми за изучување на германски јазик и специфичната терминологија поимите за работа во железниците. Се проценува дека на 44 илјади мигранти ќе им биде дозволено да останат и да побараат работа во Баден-Вуртемберг, изјави министерствотот. Тренинг-програмата би овозможила и 2,100 евра месечно на учесниците.
Околу 1,4 милиони мигранти влегоа во Германија во периодот од 2015 до 2017 година, главно од Блискиот Исток и од Северна Африка. Програмата за машиновозачи е планирано да започне подоцна во оваа година, а со тоа би се решиле и проблемите со недостатокот на работници на пругите и персонал во работилниците.
– Проектот би може да биде пример зголемување на квалификациите на мигрантите – изјави Кристијан Рауш, директор на регионалната канцеларија за вработување во Германија. Тој додаде дека овој проект би создал интерес и во други сектори, во кои исто така има потреба од обучени работници кои се мигранти.