Qsi Jiping Si Jiping
Фото: ЕПА

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска на отворањето на 18. годишен Самит на БРИКС во Њу Делхи порача дека војната на Блискиот Исток не е во интерес на меѓународната заедница, пренесе кинеската новинска агенција Синхуа.

Си истакна дека Кина сака заедно со останатите членки на БРИКС да придонесе за постигнување мир и стабилност на Блискиот Исток и во регионот на Персискиот Залив.

 – Војната му нанесе сериозни загуби на населението во регионот и не е во интерес на меѓународната заедница – рече кинескиот лидер.

Тој ги повика земјите членки на БРИКС да „застанат цврсто на вистинската страна на историјата“ и да се спротивстават на, како што рече, кршењето на суверенитетот на која било земја и мешањето во нејзините внатрешни работи.

Си нагласи дека земјите од блокот треба да продолжат да соработуваат во насока на зачувување на мирот и стабилноста.

Кина, која е една од основачките членки на БРИКС заедно со Бразил, Русија, Индија и Јужна Африка, следната година ќе биде домаќин на 19. самит на организацијата – соопшти Си.