Фото: „Нова Македонија“ / Архива

Променливо облачно и нестабилно време нè очекува денеска, со повремени врнежи од дожд, а локално и невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според најавата на УХМР, на места се очекуваат и над 15 литри дожд на квадратен метар.

Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до 40 километри на час.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, додека максималната ќе достигне 27 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Во делови од Скопската Котлина се очекува невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 19 до 26 степени.

Од УХМР информираат дека дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност, а во вторник и четврток на места ќе има услови за врнежи од дожд.