Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, денеска изјави дека се надева на „нова динамика“ во напорите за ставање крај на војната на Русија со Украина, пренесоа светските новински агенции.
– Верувам дека сега ќе имаме нова динамика во мировните напори со враќањето на оваа активна фаза на политички и дипломатски ангажман во многу главни градови низ целиот свет – изјави Сибиха пред новинарите во Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека постои можност за мировен договор, но во исто време повторно ја обвини Украина за „државен тероризам“ поради нејзините предупредувања за ризиците за авионите во рускиот воздушен простор.































