Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа објави дека почнува свој подкаст, насловен „подкАВст“ (podkAVst), кој нема да биде посветен на политиката.
Гост во првата епизода ќе биде кошаркарскиот тренер Мирослав Мута Николиќ. Епизодата ќе биде објавена в петок, 4 септември, во 12 часот, на каналот „Александар Вучиќ“ на Јутјуб.
– Постојат разговори што долго време сакав да ги водам. Не за политиката, туку за луѓето, нивните животи, успеси, падови, верувања и сè што ги обликувало. За спортот, културата, уметноста, религијата, историјата… За работите што нè поврзуваат, од кои можеме да научиме нешто и поради кои вреди да застанеме и да го сослушаме другиот – напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој истакна дека сака подкастот да биде место за добри разговори и интересни луѓе.
– Место на кое можеби ќе се запознаеме малку подобро – порача Вучиќ.
































