ТРЕТА СЕЗОНА НА ЛИГАШКАТА ФАЗА ВО ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ
- Откако беше воведен за сезоната 2024/2025, форматот на лигашката фаза ги револуционизира европските клупски купови, а донесе и повеќе големи мечеви, натпреварувачка рамнотежа и драма, пишува УЕФА
Составите за трите клупски натпреварувања во сезоната 2026/2027 за фудбалери се комплетни, а ќе има 108 клуба што претставуваат 39 земји што ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите (ЛШ), Лига Европа (ЛЕ) и во Конференциската лига (КЛ), пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Претстојната сезона ќе биде трета со форматот на лигашката фаза, воведен во сезоната 2024/2025. Освен што донесе повеќе големи натпревари, натпреварувачка рамнотежа и драма, лигашката фаза го донесе и сонот за европски фудбал на повеќе клубови, играчи и навивачи, пишува УЕФА.
Има рекордни 16 нови клуба што првпат се натпреваруваат во групната фаза или лигашката фаза на натпреварување на УЕФА, а Андора стана 53-та од 55 национални асоцијации што ќе биде претставена во клупските натпреварувања за мажи, преку Интер Клуб д’Ескалдес, сезоната 2026/2027 е уште еден пример за влијанието на форматот низ Европа, пишува УЕФА.
Од сезоната 2024/2025, вкупно 65 клуба од 23 земји учествуваа во лигашката фаза на ЛШ. Во секоја од трите учествуваа по 16 земји. Во меѓувреме, секоја нова сезона од лигашката фаза бележи 50 отсто промена на тимовите, при што 18 од 36 клуба се различни од претходната сезона и во 2025/2026 и во 2026/2027. Во текот на трите фази од лигата, 13 клуба се натпреваруваа во ЛШ за првпат. Оваа сезона има четири дебитанти во натпреварувањето.
Во текот на трите сезони од лигашката фаза во Лига Европа, 78 клуба од 30 земји учествуваа во натпреварувањето. Во сезоната 2024/2025 беа претставени 22 земји, во 2025/2026 имаше 23, а во сезоната 2026/2027 ќе има 22. Сезонава шест екипи првпат се појавуваат во групната фаза или лигашката фаза на европско клупско натпреварување.
Во Конференциската лига, 90 клуба од 45 земји учествувале од сезоната 2024/2025. Во новата сезона ќе учествуваат екипи од рекордни 30 земји, по две сезони во кои беа претставени по 29 земји, пишува УЕФА. Од сезоната 2021/2022, кога беше воведена Конференциската лига, клубови од 13 земји успешно го искористија натпреварувањето како пат кон европскиот фудбал, а сезонава осум клуба од Конференциската лига првпат се појавуваат во групна фаза или во лигашка фаза на европските купови, пишува УЕФА. Н.М.
































