Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во одредени подрачја ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално се очекуваат и невремиња со обилен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат 32 до 36 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од Скопската Котлина се очекува можност за невреме со силен ветер и град. Минималната температура ќе биде околу 19 степени, а максималната ќе достигне 36 степени.
Во новата работна седмица се очекува сончево и топло време, со можност за слаба локална нестабилност во попладневните часови.



































