фото: Маја Јаневска - Илиева

Поранешниот министер за евроинтеграции, Орхан Муртезани, ја презема функцијата амбасадор во НАТО, соопшти партијата Влен.

-Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и постојан претставник во НАТО претставува значаен момент. За првпат Албанец ја презема оваа висока дипломатска функција. Станува збор за мисија со голема одговорност, особено во време кога евроатлантската безбедност се соочува со сериозни предизвици, а од секоја земја членка се очекува целосна посветеност – се наведува во соопштението на Влен..

Од партијата на Муртезани велат дека важните функции треба да им се доверуваат на подготвени луѓе.

-Муртезани располага со потребното искуство и знаење за достоинствено да ја претставува земјата и да придонесе за зајакнување на нејзината улога во Алијансата – се наведува во партиското соопштение што го пренесе МИА.